Со Буџетот нема никаков проблем, уверува министерката Димитриеска-Кочоска
Државната каса е во добра кондиција, нема проблеми со Буџетот, тврди министерката за финансии по новото задолжување кај домашните банки. Димитриеска Кочоска вели - не доцни повратот на ДДВ, пари не добиваат фирмите кај кои има отворена проверка од инспекции, а проблем се и застарените системи на УЈП...

Во Словачка, проблемите со повратот на ДДВ ги решиле со е фактура, нешто што и Македонија сега го воведува. Словачкиот министер за финансии, Ладислав Каменицки вели дека и Македонија и Словачка, како релативно мали земји, зависат од повеќе надворешни фактори, но она на што може да ни позавидат, како што рече, е фактот што економскиот раст кај нас е 3% од БДП, а кај низ изнесува 1%.
Теми на разговор на двајцата министри биле и продлабочување на регионалната соработка во развојот на пазарите на капитал, размена на искуства за зголемување на ефикасноста во наплатата на јавните приходи, како и унапредување на политиките во борбата против сивата економија и даночната евазија.
Марија Котовска
