Скопје
АХВ изрече казна за операторот со храна во ОУ„Димо Хаџи Димов“
04.12.2025 19:00
Казна над 2.500 евра за операторот со храна поради масовно труење во основното училиште „Димо Хаџи Димов“. Новите мостри покажаа дека покрај бактерија во мусаката, пронајдена е ешерихија коли во намаз во друго училиште во Карпош...

За мусака со енетеробактер Агенцијата за храна и ветеринарство изрече казна од 900 евра за операторот со храна во „Димо Хаџи Димов“. Уште две казни од по 900 евра доби истиот оператор за пропустите што беа констатирани по вонредниот инспекциски надзор направен во 9-те училишта во коишто оваа фирма обезбедува храна за децата. Во една мостра од намаз била пронајдена бактерија ешерихија коли. За две кујни изречена е вкупна казна од 650 евра.
Минатата недела алармот го вклучија триесетина ученици од „Димо Хаџи Димов“ од скопски Карпош, кои со симптоми на труење бараа лекарска помош. Надлежните инспектори излегоа на терен земаа мостри не само од кујната туку и од училишето бидејќи со стомачни тегоби, поварќање и дијареа имаа и деца кои не јаделе во училишната кујна. Ентеробактер беше пронајден на работни површини, но и на три чешми во училиштето. Директорката Лела Николоска вели дека училиштето било темелно чистено според пропишани протоколи, а уште едно вонредно било извршено викендов.
Наташа Јанчиќ Менковски
