Промената на вредностите- причина за намалување на наталитетот
Дваесетина години наназад белата чума ја покорува земјата. Па не само во руралните сега и во главниот град се запишуваат помалку првооделенци. Некаде бројката е за цела паралелка помлаку...

Рожбата е божји дар. Се додека се водиме по каноните и Светата книга ќе го препознаваме доброто од лошото. Модерното време носи со себе искушенија, па човекот веројатно станува се порамнодушен во борбата со лошите навики, велат теолозите.
Црквата е светиот храм од кадешто можат да се исцрпуваат совети и насоки како да сме тоа што некогаш биле нашите предци, па и кога е во прашање многудетноста.
„Тоа се вградува уште од мали нозе кога човекот почнува, бидејќи тогаш е една празна табела која се сака да прими, а доброто многу поубаво ќе го прими. Често пати знам да кажам дека ако таткото и мајката застанат да се молат пред икона детето гледа, детето тоа ќе го научи ќе му биде трајно за век и веков. Многу повеќе ќе придонесе примерот на постарите што ќе им го пренесат на помладите“, смета отец Сашо Николовски.
Дваесетина години наназад белата чума ја покорува земјата. Па не само во руралните сега и во главниот град се запишуваат помалку првооделенци . Некаде бројката е за цела паралелка помлаку. Педагозите сметаат дека се повеќе младите брачни парови прифаќаат нетрадиционални навики
„Денешните млади си дозволуваат малку повеќе да прошетаат, да проживеат, што не е лошо воопшто, но исто така сметам дека можат да го зголемат бројот на своите дечиња, па така и кај нас би се зголемил бројот на првачиња“, вели педагогот Марина Василева.
Се помалку новороденчиња, се постара нација. Социолозите ја лоцираа причината во промена на вредностите.
Тоа што македонското семејство ја напушта патријархалноста, според теолозите, не треба да претставува проблем, бидејќи основно е доколку ги воспитувате децата за тоа што е добро, а што е лошо, тие ќе донесуваат соодветни одлуки.
Фиљана Кока
