Вицепремиерот Николоски на Министерски совет на Транспортната заедница во Брисел
На Министерскиот совет, со кој ќе раководи еврокомесарот за одржлив транспорт и туризам, Апостолис Ѕиѕикостас, покрај Николоски ќе партиципираат и министри за транспорт и владини претставници од повеќе европски држави, вклучувајќи ги Албанија, Бугарија, Грција, Ирска, Кипар, Косово, Романија, Словенија, Србија и Црна Гора.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денес во Брисел ќе учествува на Министерскиот совет на Транспортната заедница, каде ќе се дискутира за прогресот на државите од Западен Балкан во поглед на транспортната политика и остварувањето на инфраструктурните проекти.
На Министерскиот совет, со кој ќе раководи еврокомесарот за одржлив транспорт и туризам, Апостолис Ѕиѕикостас, покрај Николоски ќе партиципираат и министри за транспорт и владини претставници од повеќе европски држави, вклучувајќи ги Албанија, Бугарија, Грција, Ирска, Кипар, Косово, Романија, Словенија, Србија и Црна Гора.
Николоски на Министерскиот совет ќе зборува за македонските транспортни политики, унапредувањето и имплементацијата на проектите за европските транспортни коридори 8 и 10, како и за мерките и активностите за олеснување на трговијата и транспортот во државите од Западен Балкан.
Најавени се средби со министрите од Грција и Бугарија, на кои ќе се разговара за поврзувањето на двата коридори, како и за потенцијалните можности за заедничко финансирање на нови проекти во рамките на Планот за раст.
Николоски вчера во Брисел учествуваше на Самитот ЕУ-Западен Балкан, што го организира тинк- тенкот „Пријатели на Европа“.
