Македонија
Намалена видливост поради магла на Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево
05.12.2025 08:56
На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони кои редовно се чистат.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево, соопштуваат од ЈП „Македонија пат“.
На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони кои редовно се чистат.
„ЈП Македонија пат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
