Регион

Продолжува протестот на земјоделците во Грција

05.12.2025 08:38

Земјоделците ширум Грција ги интензивираат протестите, проширувајќи ги блокадите со стотици трактори...

Земјоделците ширум Грција ги интензивираат протестите, проширувајќи ги блокадите со стотици трактори поради високите трошоци, доцнењето на субвенциите и недоволната државна поддршка.

„Грчките лесно расипливи производи ќе можат да се извезуваат. Останатите, кои се за увоз, нема да можат да се увезуваат. Донесената одлука е да се затвори преминот додека не видиме што ќе се случи“, вели Јоргос Сидиропулос, раководител на Земјоделско здружение.

„Нема друг начин. Телефоните ѕвонат секој ден, во долгови сме, не сме платени, сè уште ми должат пари за 2023 и 2024 година, а не сум видел ниту денар за годинава“, изјави земјоделец од Грција.

Земјоделците најавуваат блокади на нови локации додека протестот на граничниот премин Евзони, кој почна на 1-ви декември, продолжува.