Украина

Зеленски: Бараме информации за состанокот со Путин

05.12.2025 09:38

Украинската делегација ги продолжува преговорите во САД за да ги разјасни деталите од состанокот во Русија...

Украинската делегација ги продолжува преговорите во САД за да ги разјасни деталите од состанокот во Русија и да ги координира натамошните чекори за постигнување праведен мир-изјави претседателот Зеленски.

„Нашата задача сега е да добиеме целосни информации за тоа што беше кажано во Русија – какви други изговори најде Путин за да ја продолжи војната и да изврши притисок врз нас и нашата независност“, нагласи Зеленски.

Путин, кој е во посета на Индија, изјави дека преговорите се најдобар начин за решавање на конфликтот, но тврди дека Киев се насочува кон воено решение. Предупреди дека украинските трупи мора да се повлечат од Донбас, инаку Русија ќе го заземе регионот со сила, отфрлајќи каков било компромис.