Блиски Исток

САД се подготвуваат за втора фаза од мировниот план за Газа

05.12.2025 10:29

Почетокот зависи од разоружувањето на Хамас, кој прифаќа технократска влада, но не и целосно разоружување.

САД планираат во следните две недели да ја започнат втората фаза од мировниот план за Газа, со ново управување и меѓународни сили. Почетокот зависи од разоружувањето на Хамас, кој прифаќа технократска влада, но не и целосно разоружување.

Израел тврди дека групата не ги исполнила условите од првата фаза и работи на враќање на последниот заложник.

„Последниот заложник останува во Појасот Газа, покојниот полицаец Ран Гвили-израелски херој кој се бореше за да го одбрани кибуцот Алумим. За жал, беше убиен во истата битка, а неговото тело беше киднапирано. Решени сме да го вратиме во Израел и нема да штедиме напори за тоа“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.