По пет години уапсен маж за поставување бомби
По петгодишна потрага, американските власти го уапсија 30-годишниот маж од Вирџинија, Брајан Кол, осомничен за поставување две бомби во близина на седиштата на Републиканската и Демократската партија...

По петгодишна потрага, американските власти го уапсија 30-годишниот маж од Вирџинија, Брајан Кол, осомничен за поставување две бомби во близина на седиштата на Републиканската и Демократската партија пред немирите во Капитол на 6 јануари 2021 година. Бомбите беа деактивирани и не експлодираа.
„Брајан Кол Џуниор беше уапсен и обвинет за употреба на експлозивна направа. Истрага е во тек, се извршуваат налози за претрес и може да има уште обвиненија. Ова беше заедничка работа на повеќе агенции кои работеа неуморно. Апсењето се случи затоа што администрацијата на Трамп го направи овој случај приоритет“, вели Пам Бонди, главен обвинител на САД.
