Пантон: Cloud Dancer е боја на 2026 година
„Cloud Dancer претставува смирувачко влијание во френетичното општество, повторно откривајќи ја вредноста на одмереното размислување и тивката рефлексија“, изјави извршната директорка на Пантон, Литрис Ајсеман.

Институтот за бои Пантон ја избра нијансата на бела „Cloud Dancer“ за боја што ќе ја означи 2026 година, продолжувајќи традиција долга повеќе од четвртина век. Институтот ја опиша бојата како „брановидна, избалансирана бела боја проткаена со чувство на спокојство“ и како симбол на нови почетоци.
„Cloud Dancer претставува смирувачко влијание во френетичното општество, повторно откривајќи ја вредноста на одмереното размислување и тивката рефлексија“, изјави извршната директорка на Пантон, Литрис Ајсеман.
Изборот на бојата традиционално влијае врз трендовите во модата, убавината, дизајнот и уредувањето на ентериери, а процесот вклучува истражување на културните и стилските референци пред финалниот избор на нијанса и име.
