Самит за иднината на НАТО

04.09.2014 16:45

Македонија и на овој Самит е во улога на земја кандидат која ги исполни критериумите за влез и ќе добие покана штом се затвори проблемот со Грција. На министерските сесии зборуваат шефот на дипломатијата Никола Попоски и министерот за одбрана Зоран Јолевски...

Секој момент се очекува прес конференцијата на генералниот секретар по сесијата резервирана за Авганистан и идниот ангажман на НАТО во оваа држава. Подоцна на маса пред лидерите е најжешката тема- случувањата во Украина. Најавена е нова стратегија. Насоките веќе ги дадоа американскиот претседател Обама и британскиот премиер Камерон во заедничка статија објавена во Тајмс. Напишаа дека мора да се искористи воената сила за да се обезбеди присуство како порака до Русија дека Алијансата ќе дејствува во самоодбрана. Расмусен рече дека Москва е агресор.

„Руската агресија на Украина  беше повик за будење. Не потсети сите нас дека нашата слобода, безбедност и просперитет не може да биде одземена или доделена со тоа што некои се обидуваат да ги прецртаат граничните линии во европа со сила и крвопролевање. НАТО цврсто се соочи со овој предизвик. Ја суспендиравме нашата соработка со Русија, ја зајакнуваме со нашиот партнер Украина“, нагласи генералниот секретар на НАТО, Андерс фог Расмусен.

Украински претставник брифираше дека денеска е забележана намалена активност во источниот дел, но не и бројноста на руски војници.  Освен Украина овие два дена една од темите ќе биде и растечкиот исламски радикализам. Камерон рече дека Калифатот е закана за неговата земја. Најави стратегија на алијансата.

Ова нема да биде едноставен, директен воен одговор, туку тежок, долгорочен и интелегентен пристап. Политиката на Велика Британија е да не им се плаќа на терористите откуп за своите граѓани“, истакна британскиот премиер, Дејвид Камерон.

Македонија и на овој Самит е во улога на земја кандидат која ги исполни критериумите за влез и ќе добие покана штом се затвори проблемот со Грција. На министерските сесии зборуваат шефот на дипломатијата Никола Попоски и министерот за одбрана Зоран Јолевски.

Порачуваат дека собирот е можност да се демонстрира взаемна солидарност помеѓу земјите членки и кандидатите за членство. И повторуваат дека земјава заслужува да застане под чадорот.

 

Душко Арсовски, специјален известувач на МРТ од Кардиф