Здравство

Алиу: Со синдикатите сме на иста страна

05.12.2025 14:49

На денешниот работен состанок на министерот Алиу со претставниците на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита и со Синдикатот на Клинички центар беа разгледани можните аспекти за доработка на колективниот договор...

На денешниот работен состанок на министерот Алиу со претставниците на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита и со Синдикатот на Клинички центар беа разгледани можните аспекти за доработка на колективниот договор, информираат од Министерството за здравство.

„Со синдикатите сме на иста страна, во постојана комуникација сме, одржуваме редовни работни средби и заеднички се залагаме за унапредување на статусот на здравствените работници“, порача министерот Алиу.