Филипче ја повика Ковеши во Македонија
СДСМ ја повика главната европска обвинителка, Лаура Ковеши да дојде во Македонија и да го провери случајот со европските пари од ИПАРД. Филипче рече дека во партијата е формиран и антикорупциски тим од експерти што будно ќе ги следи сите потези на власта, а најави и нови „бомби“ …

Претседателот на СДСМ, Филипче ја повика главната европска обвинителка, Лаура Ковеши да ја посети Македонија за да ги истражи сомнежите за малверзации со европски средства од ИПАРД програмата. Филипче рече оти е загрозен износ од 130 милиони евра.
„Институциите под притисок на власта не можат да гарантираат независност и заштита на јавниот интерес“, тврди Филипче. Филипче рече дека партијата формирала антикорупциски тим што ќе ги документира сите случаи, а најави и нови „бомби“.
Иронично е СДСМ и Филипче да зборуваат за борба со криминалот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како дел од планот за меѓународна соработка, СДСМ ќе побара помош од италијанските институции кои со децении водеа борба против „Коза ностра“.
„Ако тие успеаја да се справат со најорганизираната мафија во Европа, тогаш и ние можеме да се справиме со мафијата на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Филипче.
Игор Панов
