МВР
Претрес во радовишко, пронајдена марихуана, лишени од слобода две лица
05.12.2025 14:33
Тие се задржани во полициска станица, за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава...

Вчера во 20:25 часот во атар на село Бучим, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишија од слобода Е.К.(21) и Ѓ.И.(30), двајцата од село Бучим, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, со судска наредба, извршен е и претрес во домот на Е.К. во село Бучим, при што, исто така, е пронајдена марихуана.
Тие се задржани во полициска станица, за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.
