Прилеп

Откупот на тутунот се забрзува без проблеми

05.12.2025 16:43

Без проблеми и со посилен интензитет се одвива откупот на тутунот. Откупуваат 9 од 10 компании. Просечната цена е 419 денари. Министерот за земјоделство во обиколка на пунктовите во Прилеп …

Прилепчанката Роза Колеска е долгогодишен тутунар. На вага го проценуваше својот род. Сушниот период донесе помалку, но квалитетен тутун.

Откупот на тутунот го забрзува темпото и нема никакви проблеми. Досега се откупени преку 1.700 тони по просечна цена од 419 денари. Откупуваат 9 од 10 компании. Нема проблеми и инспекторатот е на терен континуирано.

Краен рок за почетокот на откупот е 15 декември и трае до 28 февруари. Реколтата се цени на околу 22.000 тони.

Елизабета Митреска