Се подготвува новата цена на струјата што ќе важи од 1-ви јануари
Се подготвува новата цена на струјата што ќе важи од 1-ви јануари. Иако ЕВН Хоум на тендерот доби повисока цена, сепак, има намалување во делот на преносот, дистрибуцијата и операторот, со што ќе се ублажи ударот...

Додека ЕВН Хоум го прави есапот, Регулаторна донесе одлука да намали дел од трошоците што влијаат на крајната цена на струјата, за пренос, дистрибуција и за услугите на МЕМО за околу три насто. Нова цена на електричната енергија ќе има од први јануари, колкава ќе биде ќе биде познато за десетина дена, откако универзалниот снабдувач ќе ги достави пресметките до Регулаторот. Претходно, ЕСМ на тендерот понуди за околу пет насто поскапа струја.
Бислимоски оценува дека Македонија не е засегната од санкциите за Лукоил, бидејќи Руската федерација нема рафинерија во земјава. Вели, снабдувањето со нафтени деривати се одвива непречено.
Во изминатиов еден месец за време траењето на санкциите и покрај стравувањата немало отпуштања на вработени во земјава вели Регулаторот.
Александра Велинова
