Партии

ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за утрешниот конгрес во Кавадарци

05.12.2025 15:43

На конгресот што се одржува под слоганот „Визија што гради држава, за генерацијата што доаѓа 2030 година“, партијата ќе ја донесе стратегијата за следните пет години.

ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за утрешниот, 18-ти конгрес во Кавадарци. На него ќе присуствуваат околу 850 делегати и 1.800 гости. Станува збор за изборен конгрес, на кој актуелниот лидер на партијата, Христијан Мицкоски е единствен кандидат.

На конгресот што се одржува под слоганот „Визија што гради држава, за генерацијата што доаѓа 2030 година“, партијата ќе ја донесе стратегијата за следните пет години.

Документот ја содржи визијата за тоа како ВМРО-ДПМНЕ ја гледа Македонија и кои се столбовите на коишто партијата ќе ја темели политиката.