Здравство

Грипот коси, ординациите се полнат со пациенти

05.12.2025 15:54

Грипот коси. За една недела се регистрирани повеќе од 100 заболени, што претставува раст од 25 проценти. Ординациите се полни со пациенти, а загадениот воздух дополнително ја влошува состојбата…

Се зголемува фреквенцијата на пациенти во ординациите на матичните лекари. Шеесетина болни само во една смена прегледуваат докторите. Деца со стомачни вируси, премаленост, гадење, повраќање, од трет ден почнува и дијарејата. Возрасни со респираторни инфекции.

Докторката Панчевска вели, периодов пациентите со висок крвен притисок имаат мака плус, поради променливото време притисокот им надминува 190.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, расте бројот на заболени со грип, за една недела е зголемен за 25%. Грипот засега има низок интензитет на циркулирање.

Наташа Јанчиќ-Менковски