Радев: Внесувањето на Бугарите во Уставот ќе го забрза европскиот пат на Македонија
Радев рекол дека сите се надеваат на што поскора интеграција на Македонија во ЕУ, но, како што посочил на средбата, тоа не може да биде на сметка на правата на бугарската заедница во земјава.

„Впишувањето на Бугарите во Уставот на Северна Македонија ќе го забрза нејзиниот пат кон ЕУ“, ова го изјавил бугарскиот претседател Радев на средбата со македонските Бугари од неколку организации од Битола, Охрид, Скопје, Прилеп, Кавадарци и Кочани.
Радев рекол дека сите се надеваат на што поскора интеграција на Македонија во ЕУ, но, како што посочил на средбата, тоа не може да биде на сметка на правата на бугарската заедница во земјава.
Претставниците на бугарските организации, пак, рекле оти се надеваат дека бугарската заедница нема да се користи како алиби за неспроведување на неопходните реформи што ја водат Македонија кон ЕУ.
