Германија

Германскиот парламент го одобри законот за доброволна воена служба

05.12.2025 20:13

Одлуката има за цел да привлече млади регрути, но ако нивниот број биде недоволен, парламентот ќе може да активира мобилизација според потребите...

Германскиот парламент го усвои законот за доброволна воена служба. Одлуката има за цел да привлече млади регрути, но ако нивниот број биде недоволен, парламентот ќе може да активира мобилизација според потребите.

Министерството за одбрана ќе го известува парламентот за обемот на регрутацијата на секои шест месеци. Среде војната во Украина и Франција, Италија и Белгија ја проширија доброволната воена служба, а скандинавските и балтичките држави го зајакнуваат задолжителниот воен рок.