Нова група американски волонтери на Мировниот корпус дадоа свечена заклетва
На Светскиот ден на волонтерството, 48 волонтери од американскиот Мировен корпус дадоа свечена заклетва и ја почнаа својата двегодишна служба во Македонија. Станува збор за 28-та група што ќе живее и работи кај нас…

Дваесет и осмата група волонтери на американскиот Мировен корпус со песната на Тоше Проески покажаа што научиле по 11 месеци од пристигнувањето во Македонија. Ова е најголемата група од 48 волонтери коишто ја почнуваат двегодишната служба.
Волонтерите се мост на пријателството меѓу САД и Македонија.
„Волонтерите се најдоброто што го нуди Америка на светот. Исто така е важно што ќе го донесете во нашата земја, најдоброто што го нуди северна Македонија. Вие го градите трајниот мост меѓу двете држави“, изјави амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер.
Волонтерите придонесуваат за поблиски врски меѓу двата народа. Тие ќе престојуваат во домаќински семејства низ цела Македонија.
Волонтерите на американскиот Мировен корпус се присутни во Македонија од 1996-та. Досега имало над 940 волонтери.
Ирина Гелевска
