САД
САД ја презентираа новата Стратегија за национална безбедност
05.12.2025 18:50
Во документот од 33 страници се наведува дека европските институции премалку вложуваат во сопствената стабилност и безбедност...

САД ја презентираа новата Стратегија за национална безбедност. Во документот од 33 страници се наведува дека европските институции премалку вложуваат во сопствената стабилност и безбедност. Еден од деловите на документот се однесува на војната во Украина. САД тврдат дека европските партнери ја попречуваат американската иницијатива за прекин на огнот. Според светските агенции, Вашингтон директно ја предизвикува Европската Унија да се дистанцира од политиките што, според американскиот документ, ја туркаат Европа кон системска слабост.
Документот завршува со порака дека американската дипломатија мора да промовира слобода на изразување и отворено негување на националните идентитети – вредности за кои САД очекуваат европските партнери да покажат поголема решителност.
