Волонтерство

Поддршка за погодените од трагедијата во Кочани

05.12.2025 17:49

Трагедијата во Кочани обедини 30 активни и над 400 пасивни волонтери. Им пружаат и финансиска и психолошка поддршка на семејствата на настраданите и на повредените...

Само обединети како народ преку човекољубието и хуманоста можеме до целта, објаснува Мартин Розе Сопков, активен волонтер во „Супорт Кочани“. Освен силната желба да се помогне, вели дека гневот и големата душевна болка по националната трагедија на 16 март обедини 30 активни и над 400 пасивни волонтери да придонесуваат во ова здружение.

Финансиска и психолошка поддршка на семејствата на настраданите и на повредените лица. Медицинска нега и физиотерапевтска терапија. А она што моментално е најбарано е пластично реконструктивна и естетска хирургија за повредените, велат од „Супорт Кочани“.

Ова волонтерско здружение е во постојан контакт за помош и на Кочанската болница. Основаа и Младински центар за психолошка поддршка на сите жители на Кочани.

Ружица Ѓоршевска