Собранието го донесе ребаласот на буџетот за 2014 година
Mиниребалансот на буџетот според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески треба да овозможи реализација на инфраструктурните проекти и забрзана изградба на Коридорот 10 како и задржување на фискалната дисциплина...

Собранието на Република Македонија попладнево на пленарна седница го донесе дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2014 година.
Mиниребалансот на буџетот според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески треба да овозможи реализација на инфраструктурните проекти и забрзана изградба на Коридорот 10 како и задржување на фискалната дисциплина. Ова се причините поради кои се прави ребалансот со кој на расходната страна, се обезбедуваат дополнителни средства од 1,42 милијарди денари за изградба на автопатот Демир Капија- Смоквица кој треба да заврши до август 2016 година. Додавањето средства на расходната страна благо го зголемува буџетскиот дефицит кој се позиционира на 3,9 проценти.
„Најголемата промена што се прави на расходната страна, е обезбедување дополнителни средства од 1,42 милијарди денари за иградба на Коридорот 10, односно автопатот Демир Капија-Смоквица кој се одива со поинтензивна динамика од предвидувањата и е планирано да заврши до август 2016 година. Додавањето средства во оваа ставка предизвикува и зголемување на буџетски дефицит кој се позиционира на 3,9 проценти“, рече вицепремиерот Ставрески.
За остварување на Буџетот до јули реализирани се приходи од 81,429 милијарди денари. Самофинансирачките активности на институциите ја зголемија приходната страна за нови 1,780 милијарда денари. Се ревидира и стапката на БДП која оди нагоре од 3,2 на 3,5 проценти.
„Како резултат на состојбите во економијата во првиот квартал и случувањата во индустриското производство извршено е и ревидирање на проекцијата на БДП која, оди нагоре од 3,2 на 3,5 проценти со потенцијал да биде и повисок од 3,5 проценти. Отидовме со една реалтивно конзервативна варијанта и сметавме дека е остварлива“, додаде Ставрески.
Заклучно со август исплатени се и 4,9 милијарди денари подршка на земјоделците. Ставрески рече дека вкупниот долг на централнта влада заклучно со јули изнесува 40,8 процентисо што Македонија останува со умерено ниво на задолженост.
Дијана Ценевска
