Генерал Сириски: Неприфатливо е да се отстапи територија на Русија
Неприфатливо е да се отстапи територија на Русија, став на врховниот командант на вооружените сили на Украина. Во интервју за британскиот радиодифузер „Скај њуз“, генералот Сирски ја обвини Русија дека ги користи мировните преговори со посредство на САД како „покритие“ за да се обиде да заземе повеќе украинска територија.

„Нема паузи, нема одложувања во нивната операција. Тие продолжуваат да ги туркаат своите трупи напред за да заземат што е можно повеќе од нашата територија под закрила на преговори. Мирот е мир без предуслови, без откажување од територија. Тоа значи прекин на огнот, а потоа преговори, без никакви услови. Само таков мир ќе биде фер. Се надеваме дека нашите европски партнери и сојузници, доколку е потребно, ќе бидат подготвени да обезбедат сè што е потребно за нашата праведна војна против агресорот. Бидејќи во моментов, ние не се браниме само себеси, туку и цела Европа“, изјави генерал Олександр Сирски, врховен командант на вооружените сили на Украина.
Изјавата следи, откако американските и украинските претставници имаа нови разговори во Флорида за предлогот на Трамп за ставање крај на војната, додека на фронтот продолжуваат руските воздушни напади врз киевската област.