Блокада на границата
ГП Евзони денеска повторно затворен поради штрајк на грчките земјоделци
06.12.2025 12:08
Грчките земјоделци ги интензивираат протестите. Ги проширија блокадите со стотици трактори и друга механизација на патиштата и граничните премини, меѓу кои е и Евзони...

Грчките земјоделци ги интензивираат протестите. Ги проширија блокадите со стотици трактори и друга механизација на патиштата и граничните премини, меѓу кои е и Евзони на границата со Македонија.
Земјоделците се револтирани поради високите трошоци, доцнењето на субвенциите и недоволната државна поддршка.
Од АМСМ известија дека поради блокадите, сообраќајот на граничниот премин Богородица – Евзони ќе биде во прекин од 10 до 14 часот, и од 18 до 22 часот за сите видови возила.
