Свет

Оштетениот танкер „Каирос“ во близина на бугарскиот брег

06.12.2025 14:41

Властите велат дека не постои опасност од истекување нафта, бидејќи „Каирос“ не превезувал сурова нафта. Кризен центар во Бургас ја следи состојбата.

Танкерот „Каирос“ кој беше оштетен во украински напад со дронови во Турција, една недела подоцна се најде во близина на бугарскиот брег. Екипажот побара итно спасување, но неповолните временски услови значително ги забавуваат спасувачките операции.

Властите велат дека не постои опасност од истекување нафта, бидејќи „Каирос“ не превезувал сурова нафта. Кризен центар во Бургас ја следи состојбата.

„Уште од рано наутро се обидовме со брод на граничната полиција да стигнеме до него, но времето е немирно и ја запревме оваа операција. Во постојан контакт сме со екипажот на бродот. Штом имаме услови ќе им обезбедиме опрема, храна и вода. Нема опасност за населението“, вели Владимир Крумов, регионален гувернер на Бургас.