Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ, најави обнова на македонската самодоверба

06.12.2025 17:15

Македонија со обновена самодоверба, што не се извинува дека постои, туку самоуверено ја гради сопствената иднина во Европа и светот, без преговори за идентитетот. Мицкоски на 18-от Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ја претстави стратегијата…

ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци на 18-ти конгрес. Мицкоски продолжува да ја води партијата. Претставена стратегијата до 2030 година, која нуди стабилност и враќање на македонската самодоверба, држава која сама ќе ја гради сопствената европска иднина, со доверба во институциите, правната држава, економија која нема да се базира на евтина работна сила туку на знаење, модернизација со нова технологии, но и со почитување на историското наследство, без преговори за македонскиот идентитет.

„Во секој политички миг постои прашање што ја мери зрелоста на една нација: дали сме генерација што сака да го продолжи обичајот на очекување, или да ја прекине навиката на одложување? Нема враќање назад. Овој конгрес е мост меѓу она што бевме и она што мора да станеме. И токму затоа, нашата одговорност не е да ја повториме историјата, туку да ја создадеме иднината“, посочи Мицкоски.

Миле А. Ристески известува од Кавадарци