Македонија
ЦУК: Состојбата стабилна и без значајни последици од обилните врнежи на дожд
06.12.2025 18:47
Согласно добиените информации од регионалните центри, состојбата со врнежите низ државата е стабилна и без значајни последици

Согласно добиените информации од регионалните центри, состојбата со врнежите низ државата е стабилна и без значајни последици, информираат од Центарот за управување со кризи.
Скопски, Полошки, Штипски, Охридски, Вардарски и Кумановски регион – нема нарушувања на редовната состојба. Битолски регион – водостојот на р. Драгор е покачен, но без опасност од излевање. Струмички регион – нема врнежи. Во Кратово – слаби и повремени врнежи – соопштуваат од ЦУК.
