МВР

Уапсен маж од Неготино, присилил скопјанка на полови дејствија, ја снимал и потоа ја уценувал

06.12.2025 18:11

Денеска на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.М.(29) од Неготино...

Денеска на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.М.(29) од Неготино, постапувајќи по пријава од 41-годишна жена од Скопје дека на 02.12.2025 во стан на подрачјето на Центар ја присилил на полово дејствие, при што снимал со мобилен телефон, а потоа и упатувал закани и барал да му даде пари за да не го објави видеото на социјални мрежи.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.