Пожар во ноќен клуб на Гоа, најмалку 25 жртви
Пожарот, кој избувнал околу полноќ, бил предизвикан од експлозија на плинска боца во кујнскиот простор на клубот.

Најмалку 25 лица, вклучувајќи и туристи загинале во голем пожар во ноќен клуб во индиската сојузна држава Гоа. Пожарот, кој избувнал околу полноќ, бил предизвикан од експлозија на плинска боца во кујнскиот простор на клубот.
„Ова никогаш не треба да се случува во туристичка држава како Гоа. Некои луѓе работат нелегално, а инцидентот со пожарот се случи токму поради тоа. Персонал и три до четири туристи изгореа до смрт, а останатите починаа од задушување. Владата ќе спроведе истрага, а виновниците ќе бидат ставени зад решетки“, изјави Прамод Савант, главен министер на Гоа.
Гоа е една од најпопуларните туристички дестинации во Индија, позната по своите песочни плажи, ноќен живот и тропска клима што привлекува домашни и странски туристи. Зимските месеци вообичаено се шпиц сезона во најмалата индиска држава.
