По две години пауза, божиќна елка во Витлеем
По неодамнешното примирје, властите одлучија оваа година да ја осветлат традиционалната, џиновска божиќна елка пред црквата Христово раѓање.

По две години пауза, градот Витлеем постави божиќна елка за да го обнови одбележувањето на празникот со сите свечености. Оваа традиција беше прекината во последните две години поради војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа.
По неодамнешното примирје, властите одлучија оваа година да ја осветлат традиционалната, џиновска божиќна елка пред црквата Христово раѓање.
„Оваа година го разгоревме духот на Божиќ и испраќаме пораки на надеж до локалното население, до сите палестински градови и до целиот свет дека сакаме мир, сакаме живот. Во последните две години, сè беше затворено. Скокна стапката на невработеност, луѓето го напуштија Витлеем. Мислам дека ваквите настани ќе им дадат надеж на луѓето“, вели Махер Канавати, градоначалник на Витлеем.
