Економија

Без практикантска работа нема задоволен пазар на труд

07.12.2025 14:16

Практикантската работа мора да биде на високо ниво ако сакаме младите високообразовни кадри да го најдат своето место на пазарот на труд во македонските компании. За да ги задржиме младите, треба посилно да се вложат и академската заедница, државата, ама и компаниите широко да ги отворат вратите …

Никола Тубовски е студент на четврта година на прилепскиот Економски факултет, на програмата сметководство и ревизија. Смета дека бизнис заедницата и факултетот се подготвени за соработка. Секоја иницијатива за поврзување е значајна за практичната работа и за пазарот на трудот.

Неопходна е практикантската работа и да се искористат државните мерки. И компаниите треба да вложат во практикантството ако сакаме младите да ги задржиме.

Академската заедница е подготвена на соработка. На економскиот сектор во државава му треба голема соработка.

Елизабета Митреска