Волерс: Македонија е лидер во борбата против трговијата со луѓе и компјутерскиот криминал
Македонија е лидер во регионот во борбата против трговијата со луѓе и компјутерскиот криминал, и е кредибилен партнер во борбата против тероризмот, нагласи американскиот амбасадор Пол Волерс. Со министрите за внатрешни работи и за правда, Гордана Јанкулоска и Аднан Јашари, го потпишува второто дополнување на писмото за согласност за спроведување на законите меѓу владите на Република Македонија и САД.

Според амбасадорот на САД, за владата, полицијата и судските власти и понатаму остануваат предизвици во реформите и во спроведувањето на законите и затоа ги охрабри да продолжат со борбата против корупцијата, селективното гонење и да се обидат да ги разрешат сите проблеми поврзани со меѓуетничките односи. Сепак, посочи, овие проблеми не се само за Македонија, тие се насекаде и тоа не потсетува дека мора да постојат транспарентни постапки, отворен дијалог и соосдветен надзор и контрола за да се обезбеди доверба од заедницата.
Од аспект на МВР, потенцира Јанкулоска, примарна цел е натамошното развивање и надградбатата на капацитетите на органите за спроведување на законите, со посебен фокус на подобрување на ефикасноста и квалитетот на кривичните постапки, развивање на капацитетиет на македонските институции надлежни за борба со криминалот, подобрување на сиситемот и квалитетот на обука на службениците инволвирани во процесот на борбата против криминалот.
„Целта е повеќе од императивна, а тоа е зајакнување на капацитетите на надлежните институции за спречување и справување со криминалот, посебно на организираниот криминал и корупцијата. Изминативе години беа одбележани со прилично динамични и интензивни реформски зафати во македонската полиција и тоа без исклучок во сите сфери на нејзиното функционирање. Несомнено станува збор за еден процес што во континуитет се надоградува и се надополнува“, рече министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.