Свет
Тензии меѓу Токио и Пекинг
07.12.2025 18:59
Кинески борбени авиони за првпат го блокираа радарот за контрола на оган на јапонските воени авиони...

Кинески борбени авиони за првпат го блокираа радарот за контрола на оган на јапонските воени авиони. Овој инцидент би можел дополнително да ги разгори тензии меѓу Токио и Пекинг, смета Министерството за одбрана на Јапонија.
Не се пријавени штети на јапонските авиони или повреди на екипажот. Кина го отфрла тврдењето на Јапонија.
Односите меѓу двете земји се влошија откако премиерката Такаичи предупреди дека Јапонија би можела да одговори на кинеските воени акции против Тајван, доколку тие ја загрозат и безбедноста на Јапонија.
