Чествување

Македонија го празнува Свети Климент Охридски

08.12.2025 08:23

Македонската православна црква-Охридска архиепископија и православните верници го празнуваат Св. Климент Охридски, најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј...

Македонската православна црква-Охридска архиепископија и православните верници го празнуваат Св. Климент Охридски, најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј.

Во Соборниот храм во Скопје, ќе се одржи света божествена литургија, со која ќе чиноначалствува поглаварот на МПЦ-Охридска архиепископија, господин господин Стефан.

Св. Климент е првиот македонски архиепископ. Творец е на познатата Охридска книжевна школа. Со своето црковно, просветно и книжевно дело, стана заслужен не само за македонскиот народ, туку и за целиот христијански свет.

Пред споменикот на „Св. Климент Охридски“, во дворот на Националната и универзитетска библиотека, државни делегации, од МПЦ, Армијата, претставници на државни делегации, политички партии и од дипломатскиот кор, ќе положат цвеќиња и ќе оддадат почит на делото на Св. Климент. Во Собранието ќе биде доделена државната награда „Св. Климент Охридски“!