Граничен конфликт
Тајланд изврши воздушни напади долж спорната граница со Камбоџа
08.12.2025 09:46
Тензиите траат од октомври, кога беше постигнато примирје иницирано од американскиот претседател Трамп...

Тајланд започна воздушни напади долж спорната граница со Камбоџа, додека двете земји се обвинуваат кој прв нападнал. Еден тајландски војник загина, а четворица беа ранети.
Тензиите траат од октомври, кога беше постигнато примирје иницирано од американскиот претседател Трамп.
Минатиот месец ситуацијата се влоши по повредите на тајландски војници од мини во пограничниот регион, а обвинувањата продолжуваат и покрај договорот за заедничко расчистување на експлозивите.
