Авганистан и Украина во фокусот на Самитот на НАТО
На сесијата за Авганистан се усвоени три заклучоци кои се однесуваат на натамошниот ангажман на Алијансата во оваа земја. На маса е најжешката точка кризата во Украина. Најавена е нова стратегија. Насоките веќе ги дадоа американскиот претседател Обама и британскиот премиер Камерон во заедничка статија објавена во Тајмс...

Одлични вести се што денес Македонија не чувствува закана од ниеден од соседите, а истото важи и во обратен правец. Но принципи – како што се владеење на правото, мирно решавање на конфликти, право на само-определување – за да ја задржат својата моќ, треба исто да важат и за моќните и за помалку моќните. Шефот на дипломатијата Никола Попоски се обрати на состанокот на земјите кои учествуваа во мисијата во Авганистан. И покрај признанија за својот придонес во ИСАФ и фактот дека ги исполни критериумите за членство, земјата и натаму е надвор од безбедносниот чадор.
На сесијата за Авганистан се усвоени три заклучоци кои се однесуваат на натамошниот ангажман на Алијансата во оваа земја.
„На три начини ќе помагаме на Авганистан, НАТО сојузниците и партнери подготвени се за нова неборбена мисија, за обука, совети и помош на авганистанските сили од следната година. Потребна е рамка, но ние сме подготвени, подготвени сме и финансиски да ги помогнеме авганистанските сили како дел од пошироките меѓународни напори и псовете сме на трајно партнерство меѓу НАТО и Авганистан“ рече генералниот секретар на НАТО, Андерс фог Расмусен.
Во овие моменти на маса е најжешката точка кризата во Украина. Најавена е нова стратегија. Насоките веќе ги дадоа американскиот претседател Обама и британскиот премиер Камерон во заедничка статија објавена во Тајмс. Напишаа дека мора да се искористи воената сила за да се обезбеди присуство како порака до Русија дека Алијансата ќе дејствува во самоодбрана. Украински претставник брифираше дека денеска е забележана намалена активност во источниот дел, но не и бројноста на руски војници. Освен Украина овие два дена една од темите ќе биде и растечкиот исламски радикализам. Камерон рече дека Калифатот е закана за неговата земја. Најави стратегија на алијансата.
„Ова нема да биде едноставен, директен воен одговор, туку тежок, долгорочен и интелегентен пристап. Политиката на Велика Британија е да не им се плаќа на терористите откуп за своите граѓани“, истакна британскиот премиер, Дејвид Камерон.
Самитот во Велс се случува во хотел надвор од градската врева. Во овој рај за голфери на чист воздух кој треба да расчити многу работи врзани за иднината на Алијансата. Ако е некаков сигнал за Македонија, пред излагањето, Поповски бил најавен како министер за надворешни работи на Македонија, а во дискусиите на други претставници земјава била ословувана без додавки.
Душко Арсовски, специјален известувач на МРТ од Кардиф
