Свет

Спречен државен удар во западноафриканската држава Бенин

08.12.2025 11:12

Спречен државен удар во западноафриканската држава Бенин откако група војници предводена од полковникот Паскал Тигрис на државната телевизија објави дека го собориле претседателот Патрис Талон и го суспендирале уставот...

Спречен државен удар во западноафриканската држава Бенин откако група војници предводена од полковникот Паскал Тигрис на државната телевизија објави дека го собориле претседателот Патрис Талон и го суспендирале уставот.

Министерот за внатрешни работи соопшти дека пучот не успеал, претседателот е безбеден во француската амбасада во градот, а вооружените сили останале лојални и ја задржале контролата.

Во Котону имаше пукање, некои новинари беа држени како заложници, а армијата блокираше улици и хеликоптери летаа над градот. Владата апелираше населението да продолжи со нормалните активности, додека претседателот порача дека предавството нема да помине неказнето.

„Би сакал да го пофалам чувството за должност на нашата армија и нејзините водачи кои останаа републикански и лојални на нацијата. Заедно со нив, цврсто стоевме, ги вративме нашите позиции и ги исчистивме последните жаришта на отпор од бунтовниците. Оваа посветеност и мобилизација ни овозможија да ги спречиме овие авантуристи и да ја спасиме нашата земја. Ова предавство нема да помине неказнето.