Чествување

Сиљановска-Давкова со честитка по повод празникот Св. Климент Охридски

08.12.2025 10:10

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до верниците од православна вероисповед по повод државниот празник Свети Климент Охридски, нагласувајќи дека се чествува ликот и делото на најголемиот македонски просветител и верен ученик на Светите Кирил и Методиј.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до верниците од православна вероисповед по повод државниот празник Свети Климент Охридски, нагласувајќи дека се чествува ликот и делото на најголемиот македонски просветител и верен ученик на Светите Кирил и Методиј.

Во честитката се истакнува дека споменот за Свети Климент е длабоко врежан не само во македонската, туку и во колективната меморија на целото словенство. Неговото име, како што посочува претседателката, денес го носат бројни образовни, научни и културни установи, а ликот му ги краси православните храмови ширум земјата.

Под водство на Свети Климент, додава, македонските краишта прераснале во образовен, просветен и културен центар, а охридската книжевна школа и духовното и уметничко богатство оставиле траен печат врз европската цивилизација.

Сиљановска-Давкова потсетува дека Охридската книжевна школа и духовното творештво оставиле траен белег врз европската цивилизација, надживувајќи империи и системи поради својата непрекинлива вредност и човечка универзалност.

Празникот, додава таа, е можност да се преиспита колку од вредностите на Свети Климент – милост, смирение, заемна помош и разбирање – се препознаваат во современиот живот. Пред македонското општество, како што наведува, стои голема задача: повторно да се изградат доблестите што ја одржуваат заедницата и да се создаде заедничка цел што ќе ги надмине поделбите.

Во честитката, претседателката потенцира дека пред нас стои задачата да ги обновиме доблестите кои ја одржуваат заедницата.

„Како и во Климентово време, и нам ни е потребна заедничка, повисока цел, околу која ќе градиме односи и ќе премостуваме разлики. Преку владеење на правото, борба против корупцијата, социјална правда и заемна грижа да го обновиме општествениот договор на слободни граѓани, еднакви пред законот и сплотени околу општото добро“, вели Сиљановска-Давкова.

„Нека пораката на Свети Климент за смирение, милост, знаење и заедништво биде инспирација да ја изградиме Македонија како пристојно, праведно и достоинствено место за живеење“, порача претседателката.