Грчките земјоделци ги интензивираат блокадите на граничните премини и главните автопатишта
Грчките земјоделци, кои цела недела протестираат со поставени трактори, од денеска ги интензивираат блокадите на граничните премини и главните автопатишта. Кај граничните премини со Македонија, Бугарија и Турција паркирана механизација...

Грчките земјоделци ги интензивираа блокадите на граничните премини и главните автопатишта. Bo близина на аеродромот во Крит дојде до жестоки судири со полицијата, која иако одговорила со солзавец, сепак морала да се повлече пред гневната толпа. Кај граничните премини со Македонија, Бугарија и Турција, паркирана механизација. На блокадата на Евзони се фармерите од Пеонија и Јаница со над 300 трактори.
Граничниот премин Евзони – Богородица е блокиран за влез и излез, на Ники – Меџитлија има блокада за товарни возила и автобуси, што кај Дојран создава поголеми задржувања.
Мицотакис ги повика земјоделците на дијалог, тие, пак, се незадоволни од заостанатата исплата на субвенциите, високите трошоци за производството и ниските откупни цени.
