Домашното свинско месо е најсигурно
Се сумираат штетите од листеријата во свињарството. Фармерите сметаат дека домашното месо е со помал ризик и со развој на оваа гранка ќе се намали увозот на суровини...

Домашното е нај сигурно велат производителите на свинско месо. Иако има позитивен тренд, Македонија е се уште зависна од увозни суровини.
Зголемената потрошувачка на свинското месо го подобри и начинот на одгледување на добитокот. Големите индустриски и малите семејни фарми воведоа современи здравствени методи, во областа на селекцијата, репродукцијата и исхраната.
Производство на свинско месо задоволува само околу 50 проценти од домашните годишни потреби од скоро 20.000 тони свежо месо, а преработувачката индустрија најчесто увезува замрзнато.
Во Македонија годишно по жител се трошат по 10 килограми месо што е меѓу најниските количества во Европа.
Методија Трајков
