ВМРО-ДПМНЕ: Стратегијата „Македонија 2030“ ново поглавје
Стратегијата „Македонија 2030“ е ново поглавје во политичкото дејствување, почива на шест стожери за безбедна, стабилна, економски и технолошки развиена држава, велат од ВМРО-ДПМНЕ...

Стратегијата „Македонија 2030“ е ново поглавје во политичкото дејствување, почива на шест стожери за безбедна, стабилна, економски и технолошки развиена држава, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според владејачката партија, стратегијата што беше усвоена на конгресот што се одржа викендов, се заснова на идејата дека државата мора да излезе од циклусот на импровизации и краткорочни одлуки и да воведе долгорочен систем на управување, кој се создава преку силни институции, конкурентна економија и општество засновано на вредности, ред и самодоверба.
„Најважното што треба да го постигне преку имплементација и спроведувањето на стратегијата е Македонија да стане земја што создава стабилност, економска моќ и институционална зрелост, со идентитет што не се условува, туку се почитува“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
