Граничниот премин „Богородица“ блокиран за влез и излез
Од 11 часот сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ („Евзони“) кон соседна Грција е блокиран за влез и излез од земјава, а на „Меџитлија“ („Ники“) сообраќајот е блокиран само за товарни возила и автобуси...

Од 11 часот сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ („Евзони“) кон соседна Грција е блокиран за влез и излез од земјава, а на „Меџитлија“ („Ники“) сообраќајот е блокиран само за товарни возила и автобуси, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Засега сообраќајот на преминот „Дојран“ се одвива непречено, но поради зголемен интензитет се очекуваат задржувања за влез во државата.
Како што претходно соопштија од АМСМ, на граничните премини „Дојран“ и „Табановце“ за излез од земјава утрово се чека од половина час до 40 минути.
