Сирија ја одбележува првата годишнина од падот на Башар Ал Асад
На плоштадот Омејад во Дамаск се одржуваат прослави и воени паради, додека новиот претседател Ахмед ал-Шара, поранешен бунтовнички лидер, вети дека ќе изгради „праведна и силна Сирија“...

Сирија ја одбележува првата годишнина од падот на Башар Ал Асад, во атмосфера на нестабилност и продолжени предизвици.
На плоштадот Омејад во Дамаск се одржуваат прослави и воени паради, додека новиот претседател Ахмед ал-Шара, поранешен бунтовнички лидер, вети дека ќе изгради „праведна и силна Сирија“. Тој воспостави нови сојузништва со Западот и арапските земји, но земјата и натаму се соочува со секташко насилство, нови раселувања и недоверба кај малцинствата.
Курдските области ги забранија собирите поради безбедносни закани, а хуманитарните организации предупредуваат дека 16,5 милиони Сиријци сè уште имаат потреба од помош.
