Македонија

Командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт во посета на земјава

08.12.2025 19:56

Тој утре, со високи воени почести ќе биде пречекан од началникот на Генералштабот на армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и од министерот за одбрана, Владо Мисајловски...

Командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт престојува во официјална посета на Македонија. Тој утре, со високи воени почести ќе биде пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и од министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

Според агендата, генералот Најт ќе има средби и со претседателката и врховен командант на вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, како и со премиерот Христијан Мицкоски, а ќе ја посети и Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје.