Пазар на труд

По Нова Година за првпат закон за сезонски работници

08.12.2025 18:56

Од 1-ви јануари за првпат во Македонија ќе се применува закон за работно ангажирање лица. Ќе се става во правна рамка сезонската работа, а ќе се влијае на сивата економија …

Од први јануари студенти, пензионери, невработени, самовработени лица ќе може времено да бидат ангажирани. Не е класично вработување, ама ќе ги зачуваат стипендиите, пензиите, социјалните додатоци, но и дополнително ќе заработат. Со Новата Година, Македонија и економијата за првпат ќе го добијат Законот за работно ангажирање лица.

Според законот, лицата може да бидат ангажирани од 120 до 180 дена во годината, зависно од дејностите, а најмногу 15 дена во месецот.

Прецизирани се дејностите кои ги опфаќа Законот: угостителство, земјоделство, услужни дејности.

Според првичните пресметки ќе бидат ангажирани преку 20.000 лица. Со ставањето на сезонското ангажирање во правна рамка, се очекува да се заузди неформалната или сивата економија

Законот за работно ангажирање лица Парламентот го донесе на 20 мај и за првпат ќе се применува во земјава.

Елизабета Митреска