Брзината главната причина за сообраќајни несреќи со смртни последици, покажува статистиката на МВР
Возењето автомобил со брзина над дозволената е главна причина за сообраќајните несреќи со тешки последици, смрт, повреди и големи материјални штети. Ова го покажува статистиката на МВР. Лани сме имале дури 142 жртви во сообраќајот. Системот „Безбеден град“ конечно треба оваа бројка да ја сведе на европскиот просек...

Пребрзото возење е главна причина за сообраќајни несреќи со смртни последици во земјава – покажува статистиката на МВР. Само лани имало 142 жртви, а изминатата деценија ипол немало година без најмалку 100 загинати. Надлежните очекуваат системот „безбеден град“ да стави ред во сообраќајниот хаос, а бројот на жртви да се намали. Податоците од првите неколку дена покажаа дека прекршоците се значително опаднати …
Освен брзината, причина за сообраќајките со смртен исход се и непочитувањето на сигнализацијата и на сообраќајните правила, како и возење под дејство на алкохол и опојни дроги.
Геаѓаните со свои ставови:
„Многу се внимава дури и тие што возеа брзо сега внимаваат“.
„Подобро се вози, попрегледно е“.
„На семафорите и на брзината се внимава, само треба да се вратат тајмерите што ги имаше“.
„Има милион други работи што треба да се средат пред ова. Има зони каде што е дозволено 30, нормално дека таму нема да возиш 90. И без да ги стават камерите тоа се почитувало“.
„Цел живот ќе возиме со стрес. Требаше вакви мерки, ама барем до 60 да биде“.
Статистиката покажува дека годишно има и над 4000 илјади сообраќајни несреќи.
Возењето со брзина над дозволената и натаму е главна причина за сообраќајни несреќи кои завршуваат со смрт, тешки повреди и материјална штета. Дека неприлагодената брзината е сериозен проблем на македонските патишта се потврди и со пробната примена на проектот „Безбеден град“.
Македонија ја заостри казнената политика и го воведе делото „безобѕирно управување со моторно возило“, а во новата година ќе почне и казнувањето со помош на камерите на „Сејф сити“. Законските измени се веќе во собрание, но неизвесно е дали ќе бидат донесени до нова година, или пробниот период ќе продолжи уште некое време.
Андријана Ѓурческа
