Временска прогноза
Сончево со мала до умерена локална облачност
09.12.2025 08:14
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови со појава на магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од-2 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец.
