Седница на Постојаната анкетна комисија за пожарот во кочанската дискотека
Денеска треба да почне седницата на Постојаната анкетна комисија во рамките на законодавниот дом на која ќе се расправа за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“. На седницата се поканети и членови на семејствата, но и претседателката Гордана Сиљановска Давкова, премиерот Христијан Мицкоски и министерот Панче Тошковски...

Денеска треба да почне седницата на Постојаната анкетна комисија во рамките на законодавниот дом на која ќе се расправа за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“. На седницата се поканети и членови на семејствата, но и претседателката Гордана Сиљановска Давкова, премиерот Христијан Мицкоски и министерот Панче Тошковски.
Во меѓувреме се очекува и формирањето на Анкетната која ја предложи парламентарното мнозинство, а на која покрај за пожарот во Кочани ќе бидат опфати и другите несреќи, пожарот во модуларната во Тетово, сообраќајните несреќи во Ласкарци, Беса Транс, Дурмо Турс.
